Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати порака до раководството и верниците на Еврејската верска заедница по повод празникот Јом Кипур.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски упати порака до Претседателот на Еврејската заедница г-дин Пепо Леви, како и до сите припадници на ЕЗРМ по повод празникот Јом Кипур.
Дозволете ми Вам лично, на членовите, раководството и верниците на Еврејската заедница во Македонија, како и на сите Евреи ширум светот, да Ви упатам желби за благословено празнување на најсветиот еврејски празник во годината – ЈОМ КИПУР.
Нека светлоста на овој значаен празник засветли во вашите срца и преку покајанието Ви донесе духовен препород, зајакнување на верата и пробудување на надежта во подобро утре.
Ви посакувам молитвите и постот на овој голем ден да ви донесат прошка и помирување, мир, добро здравје и многу љубов.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}