Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски утрово го прими на протоколарна средба новоименуваниот Папски нунциј Н.Е. Монс. Лучијано Суриани.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиузни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски утрово го прими на протоколарна средба новоименуваниот Папски нунциј Н.Е. Монс. Лучијано Суриани.
На средбата се разговараше за актуелната состојба во регионот, спецификите на новото време и предизвиците за Црквата.
Директорот го честиташе мандатот на новопоставениот папски нунциј и се информираше за неговите работни планови, уверувајќи се притоа во посветеноста на почитуваниот нунциј да придонесе во продлабочувањето на односите и соработката меѓу македонската држава и Светиот престол.
Директорот на високиот гостин му ги претстави и планираните активности во следниот период во рамки на кои се посветува значајно место и на интеракцијата и заемната соработка со Католичката црква.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}