СООПШТЕНИЕ: Средба на директорот Сотировски со Кардиналот Курт Кох во Ватикан
Утрово директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски оствари средба со Н.Е. Кардиналот Курт Кох, префект на дикастерот за промоција на христијанското единство во неговото седиште во Ватикан.
На средбата Директорот го запозна Кардиналот со состојбата во верската сфера во нашата држава, а се осврна и на новата состојба постигната со позитивните придвижувања при прифаќањето на статусот на МПЦ-ОА, што овозможува нови перспективи.
Соговорниците разменија мислења по повеќе прашања од заемен интерес и ја реафирмираа посветеноста за понатамошен развој и продлабочување на македонско-ватиканските врски.
Средбата е во рамки на работната посета на директорот Сотировски на Светата столица.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}