РЕЛИГИСКИ КУЛТУРНИ СПОМЕНИЦИ: ШАРЕНА ЏАМИЈА - ТЕТОВО
Шарената џамија претставува религиозно културно наследство, значаен исламски историски споменик заштитен со закон и еден од најпрепознатливите симболи на градод Тетово
Таа е една од најубавите градби на исламската култура во поширокиот регион. Она што ја прави уникатна е нејзиниот богат живопис кој претставува едно од најголемите уметнички украсни достигнувања од османлискиот период во Македонија.
Во Шарената џамија се извршуваат молитви и таа е отворена за муслиманските верници, а како позната верска туристичка дестинација секојдневно е посетена и од голем број на туристи.
Еден од најзначајните и секако најпрепознатливите симболи на градот Тетово е Шарената Џамија, која се наоѓа во близина на центарот на градот, на десниот брег на реката Пена. Нејзиното првично име било Алаџа (басма, шарен памук), а во XIX век го добива името Пашина џамија, по својот обновувач Абдурахман Паша. Она што ја прави уникатна е нејзиниот богат живопис кој претставува едно од најголемите уметнички украсни достигнувања од османлискиот период во Македонија. Според преданието, за да се заштити живоста на боите што се користеле во декорирањето, биле употребени 30.000 белки од јајца.
Еден од најзначајните и секако најпрепознатливите симболи на градот Тетово е Шарената Џамија, позната и како Пашина џамија, која се наоѓа во близина на центарот на градот, на десниот брег на реката Пена. За џамијата и нејзините градители дознаваме од ктиторскиот натпис изработен од мермер, според кој била подигната од Абдурахман Паша, познат како син на еден од највлијателните паши и султанов мандатар – Реџеп Паша. Абдурахман Паша ја наследил тетовската област по смртта на неговиот татко во 1822 година и ја довршил изградбата на тврдината на ридот Балтепе. Според други сознанија, џамијата била изградена во 15-иот век година под ктиторство на сестрите Хуршиде и Менсуре кои се доселиле во Тетово од Анадолија. Многу веројатно е дека првата џамија врз чии темели е изградена денешната Шарена џамија била уништена на крајот од 17-иот век за време на пробивот на австриската армија предводена од Пиколомини по долината на реката Вардар.
Шарената Џамија е една од најубавите градби на исламската култура во Тетово. Нејзиното првично име било Алаџа (басма, шарен памук), а во XIX век го добива името Пашина џамија, по својот обновувач Абдурахман Паша. Таа е пример за еднопросторен тип на џамија карактеристична за класичниот период на османлиската архитектура во текот на 19 век. Она што ја прави уникатна е нејзиниот богат живопис кој претставува едно од најголемите уметнички украсни достигнувања од османлискиот период во Македонија. Нејзината декорација претставува обединувачки фактор на архитектурата и дизајнот и ремек-дело на вештите мајстори од Дебар. Ѕидната декорација во Шарената џамија, главно, ги содржи карактеристиките на турските мотиви, традиционална декорација изразена со помош на арабеска. Арабеска претставува стил на украсување каде се користи убавината на геометриската форма и растителна орнаментика во непрекината низа, симболизирајќи ја на тој начин вечноста. Арабескните мотиви во Шарената џамија се изведени со голема прецизност и интензивен колорит што ја прави вистински раритет во светски рамки. Според преданието, за да се заштити живоста на боите што се користеле во декорирањето, употребени биле 30.000 белки од јајца.
Куполата, поставена директно над главната сала за молитва, ги означува сводовите на рајот и небото. Во централниот дел на куполата врамена со бордура во кружна форма, составена од плетенки со геометриска прецизност и драперија, доминираат листовите од акантус претставени во различни заоблени форми, создавајќи впечатлива розета. Редок, а воедно и уникатен пример во Македонија и пошироко на Балканот е приказот на градот Мека во јужниот дел на мирхабот (молитвеникот) наречен кибла ѕид. Во поширокиот простор на Отоманската империја истиот е забележан во џамијата Хизир-бег во Сома, Турција која датира од 1791 година.
Покрај изобилството на шарени геометриски и цветни орнаменти, на ѕидовите се прикажани мотиви на низа имагинарни градови, џамии, палати, дворци, реки со едрени бродови. Презентациите на еднокатните и двокатни палати и џамии се инспирирани од големите царски градби и препознатливите градски мотиви од главниот град Истанбул. Шарениот раскош на ѕидното сликарство е надоврзан со раскошно изработениот михраб и минбар чија декорација е изведена во бел мермер. Михработ е украсен со осум кружни полиња со калиграфски натписи (левхас) со цитати од Куранот и имињата на Алах и Мухамед, како и имињата на четирите калифи: Абу Бакр , Али, Осман и Омар, следбениците на Myхамед.
На север, до џамијата, има турбе (мавзолеј) за кое според откриената надгробна плоча, се претпоставува дека е гробницата на една од ктиторките, Хуршиде Хатун. Според годината на смртта на Хуршиде Хатун (1524) се прифаќа и веројатноста турбето да е воспоставено најдоцна до првата половина на XVI век.
Во дворот на џамијата се наоѓа висока камена фонтана со профилирани рамки и чешми на секоја страна и служи за ритуал на чистење пред намазот. Фонтаната е со заоблен покрив со турски ќерамиди. На секоја страна се присутни декоративни елементи типични за исламската уметност - розети и полумесечина.
Целиот комплекс е ограден со камен ѕид со многу отвори со дрвени решетки, што остава посебен впечаток и ја дефинира амбиенталната средина на Шарена џамија. На блиска пешачка дистанција од 10 минути се наоѓа и познатото Арабати Баба Теќе.
Во 2017 година со одлука на Владата верскиот комплекс Шарена џамија во Тетово е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.
Шарената џамија е дел од Тетовското муфтиство на Исламската верска заедница (ИВЗ) и таа е активна џамија во која се одржуваат молитвени собири.