Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски ја оствари првата средба со новоизбраниот претседател на ЕЗРМ, г-дин Пепо Леви
На ден 07.02.2022 година директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи го прими и оствари протоколарна средба со новоизбраниот претседател на Еврејската верска заедница г-дин Пепо Леви.
На средбата директорот му го честиташе добиениот мандат на г-дин Леви, посакувајќи му да ја продолжи и продлабочи успешната работа на ЕЗРМ, беспрекорната соработка со државните институции и придонесот во меѓуверското разбирање и почит во државата.
Претседателот на ЕЗРМ извести за неговите планови и визијата за натамошен развој на заедницата, која има особен придонес и во заштитата на македонскиот државен интерес и јавното добро во нашата мултикултурна држава.
На средбата се рафирмираше посветеноста и на натамошна отворена соработка и партнерски однос во справувањето со сите предизвици.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}