Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски оствари посета на Будимската епархија во Будимпешта и се сретна со Епископот будимски и Администратор темишварски г. Лукијан.
Во рамки на својата работна посета на Унгарија, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), на ден 30. 03. 2023 година го посети седиштето на Будимската епархија во Сент Андреј, Будимпешта, каде во епископскиот двор при храмот „Успение на Пресвета Богородица“ оствари средба со надлежниот епархиски архиереј на Будимската епархија на СПЦ, Неговото преосвештенство, Епископот будимски и Администратор темишварски г. Лукијан.
На состанокот присуствуваа и вршителот на работи во Амбасадата на Р.С. Македонија во Будимпешта г-дин Ненад Младеновиќ, како и секретарот на Будимската епархија, протосингел Варнава (Кнежевиќ).
За време на срдечната средба директорот Сотировски го претстави делокругот на работата и надлежностите на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, како и односите кои КОВЗРГ традиционално ги негува со сите признати верски заедници. Владиката г. Лукијан го изрази своето задоволство за посетата, која е значајна и заради тоа што се случи историското помирување на Српската и Македонската православна црква по што е можно да се воспоставуваат и идни односи на институционално ниво.
Во прилика на посетата, директорот Сотировски заедно со својата делегација ја посети и Соборната црква и Музејот на Будимската епархија, каде се запозна со културно-историското наследство на тие простори.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}