Планинарскиот клуб „Јелак “, во соработка со Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и Македонската православна црква, на 30.10.2022 (недела), по петти пат, веќе традиционално ја организира планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ на падините на Сува Гора, која беше за прв пат одржана 2018 година по повод јубилејот „1000 години Охридска aрхиепископија“.
Планинарскиот клуб „Јелак “, во соработка со Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и Македонската православна црква, на 30.10.2022 (недела), по петти пат, веќе традиционално ја организира планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ на падините на Сува Гора, која беше за прв пат одржана 2018 година по повод јубилејот „1000 години Охридска Архиепископија“.
Истата тргнува од с. Блаце, и завршува во с. Волковија.
Акцијата спаѓа во ЛЕСНИ планинарско-рекреативни тури. Погодна е и за почетници и за поискусни планинари, рекреативци и вљубеници во природата со кондиција за движење. Поканети се сите поединци, планинарски клубови и друштва.
КАРАКТЕРИСТИЧНИ ТОЧКИ И ОПИС НА ПАТЕКАТА:
СТАРТ: с. Блаце – се тргнува од ширинката во центарот на селото (600 м.н.в.)
- Црква „Св. Троица“, с. Блаце (720 м.н.в.) - изграден врз археолошки локалитет „Самовилска вода“ од старохристијанско време, кој опфаќа и извор кој според преданијата има лековито дејство;
- Црква „Св. Петка“, атар на с. Стенче - сместена на рид (880 м.н.в.) помеѓу селата Блаце и Стенче;
- Археолошки локалитет - месност „Граиште“, с. Стенче. Неолитска населба со наоди кои датираат од IX век п.н.е. Во рамките на локалитетот, постои и ранохристијанска базилика која датира од IV век од н.е;
- Црква „Св. Илија“, с. Стенче;
- Црква „Св. Екатерина“, Стенчевска чука – видиковец кон Полог и Шар Планина;
- Црква „Св. Георги Победоносец“, Волковска чука – сместена во некогашниот Волковски манастир кој датира од XIV век;
- Движење низ пределот каде е сниман култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“.
ЦЕЛ: Црква „Св. Мина“, с. Волковија, каде ја завршуваме акцијата.
- Вкупно искачување: ~500m
- Вкупно спуштање: ~700m
- Вкупна должина: ~9km
ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПАТЕКАТА И ДВИЖЕЊЕТО:
- Патеката спаѓа во ЛЕСНИ планинарско-рекреативни тури, препорачлива за сите возрасти;
- Вода има на неколку места по патеката, доволно е 1л. во ранец;
- На речиси секоја карактеристична точка е предвидена кратка пауза на која учесниците ќе бидат запознаени со историјатот и карактеристиките на црквата во која се наоѓаат;
- Исхраната по патеката е во сопствена режија од ранец, да се предвиди лесна исхрана за тура од 4-5 часа.
- Патеката е маркирана со стандардна планинарска маркација и патокази, но заради тоа што е новопоставена и непозната за пошироката јавност задолжително е движење во колона според насоките на водичите од клубот.
ПРЕПОРАКИ:
- носење на лесни планинарски чизми/обувки или високи квалитетни патики со тврд ѓон;
- планинарски стапчиња не се неопходни за поискусни планинари
- поради актуелното годишно време - есен, се препорачува слоевита облека од неколку лесни слоеви.
- задолжително е носење на кабаница или јакна за заштита од дожд.
ПРОГРАМА:
- 08:00 - тргнување со организиран превоз од Тетово од пред Домот на културата „Иљо Антески-Смок“;
~ 09:00 - поаѓање на колоната од с. Блаце;
~ 09:30 - црква „Св. Троица“, с. Блаце;
~ 10:15 - црква „Св. Петка“, с. Стенче;
~ 10:30 - ранохристијанска базилика, археолошки локалитет „Граиште“, с. Стенче;
~ 11:00 - црква „Св. Илија“, с. Стенче (предвидена е пауза од 20 минути);
~ 11:30 - црква „Св. Екатерина“, с. Стенче;
~ 12:30 - црква „Св. Георги Победоносец“, с. Волковија;
~ 12:50 - пристигнување на целта - црква „Св. Мина“, с. Волковија
- 13:45 - затворање на настанот и испраќање на гостите од црквата.
НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите.
- Движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите;