Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на наречението и хиротонијата на новоизбраниот епископ Сарандопорски г. Григориј, како и на неговата интронизација за Кумановско-осоговски митрополит.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на наречението и хиротонијата на Архимандритот д-р Григориј за епископ Сарандопорски и на неговата интронизација за Кумановско-осоговски митрополит.
Чинот на наречението се изврши во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ на 25. 07. 2020 година, додека чинот на хиротонијата и востоличувањето на тронот на Кумановско-осоговската православна епархија се изврши наредниот ден во Соборниот храм „Свети Николај“ во Куманово, каде е и седиштето на Епархијата.
На овој свечен настан присуствуваа голем број на верници од целата држава.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}