Денеска е Меѓународен ден за сеќавање на холокаустот
Овој ден е посветен на сеќавање на трагедијата на холокаустот за време на Втората светска војна во кој систематски биле убиени шест милиони Евреи во логорите на смртта, организиран и спроведен од нацистичкиот режим и неговите соработници.
27 јануари како ден за сеќавање на холокаустот бил воспоставен од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации на 01 ноември 2005 година.
Историски овој ден е поврзан и со ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау на 27 јануари 1945 година од страна на Црвената Армија.
Целта за воспоставување на Меѓународен ден на холокаустот е оддавање на почит кон жртвите на холокаустот, како и поттикнување преку изработка на различни образовни програми ваквите трагични историски настани никогаш да не се повторат.
УНЕСКО му оддава почит на споменот на жртвите на Холокаустот и ја потврдува својата непоколеблива посветеност да се спротивстави на антисемитизмот, расизмот и другите форми на нетолеранција што може да доведе до насилство.
Меѓу жртвите на холокаустот беа и 7.144 македонски Евреи. На 11 март 1943 година, 98 проценти од Евреите во Македонија беа собрани во скопскиот Монопол, од Битола, Штип и Скопје и испратени во логорот на смртта Треблинка од каде никој не се врати. Во знак на сеќавање на депортираните македонски Евреи, постои Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, кој е еден од четирите такви во светот, покрај центрите во Израел, Германија и во САД.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}