Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски на Бискупот скопски монс. Киро Стојанов му го врачи првиот примерок од монографското издание ,,Историска посета на Светиот Отец – прво македонско добредојде за папата Франциск“.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски на 13 декември 2021 година во бискупската резиденција во Скопје го посети и оствари средба со Неговото превозвишенство, Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски монсињор Киро Стојанов.
Во пријатна и срдечна атмосфера, г-дин Сотировски му го врачи првиот примерок од монографијата ,,Историска посета на Светиот Отец – прво македонско добредојде за папата Франциск“ на бискупот Стојанов. Директорот на Комисијата г-дин Сотировски истакна дека со оваа монографија се остава „трајна споменица за овој неповторлив и маркантен настан на кој имавме чест да работиме во 2019 година“.
Од своја страна бискупот Стојанов се заблагодари за монографијата, посебно за вложениот труд од страна на Комисијата за верски заедници и религиозни групи, без чиј ангажман немаше да го види светлото на денот.
На средбата исто така стана збор и за тековните активности на Католичката Црква и подготовките за престојниот празник Рождество Христово – Божиќ, како и за активностите на Комисијата за верски заедници и религиозни групи.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}