Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Почнуваат чествувањата по повод 1000 години Охридска архиепископија

Со бројни културни, научни, академски, образовни и спортски настани, организирани на локално, но и на највисоко државно ниво, годинава ќе се одбележува еден милениум од постоењето на Охридската архиепископија.

 

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски, најавувајќи ја програмата посветена на значајниот јубилеј, истакна дека се работи за извонредно значаен настан – одбележување еден милениум од постоењето на една важна црковна и духовна организација, која го обединувала народот и му помогнала да премости многу тешкотии од најразлични временски епохи.

Централната свеченост ќе се одржи утреечер од 18.30 часот во катедралната црква Света Софија во Охрид, со Свечена академија во присуство на членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија предводени од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, како и претставници на највисоките државни институции во присуство на претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев. Свеченоста ќе биде збогатена со пригоден концерт на Камерниот оркестар на Филхармонијата во чии рамки ќе настапат и хоровите од братствата на манстирите „Рајчица“ и „Свети Јован Бигорски.

Во прилог изјавата на директорот Сотировски за Медиумите   https://youtu.be/pLAK8kV_vbk