Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

02. 06. 2018 – Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи м-р Даријан Сотировски присуствуваше и одржа предавање на тема: „Европа, секуларизмот и религиозното образование“ на Научна средба во организација на Асоцијацијата на професори по наставниот предмет Етика во религиите „Просветление“, која се одржа викендов на 02 јуни во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ во Охрид.

На научната средба со свое предавањето пред присутните се произнесе по однос на темата: „Европа, секуларизмот и религиозното образование“ и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, м-р Даријан Сотировски, кој се обиде со особено искрен тон да ги произнесе своите ставови во поддршка на религиозното образование.

Тој ја истакна поентата за христијанска Европа и вредносното будење на личноста, што нераскинливо е поврзано со работата на професорите по Етика во религии, притоа нагласувајќи дека на овие професори мора да им се даде можност за и тие да го принесат својот позитивен дел во развојот на македонското општество. Меѓу другото, Сотировски додаде и дека „често има случаи кои отвараат дискусии во јавноста дали секуларноста е заштитена, односно повредена како уставно начело или темелна вредност.

Секуларноста треба да се сфати како гарантирање широки, неприкосновени верски слободи и права на граѓанинот, на индивидуата. Истовремено тоа значи дека државата нема право да воспоставува или иницира религиозност кај широките народни маси. Таа е гаранција на правото на поединецот да практикува вера, но државата никако не смее да наметнува или фаворизира одредена вера“.