Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Свечена академија по повод 1000 години од основањето на Охридската архипеископија

„Одбележувањето на 1000-годишниот јубилеј на Охридската архиепископија е настан со кој би се гордеел секој народ и секоја помесна Црква, настан што ја потврдува нашата вековна вистина, настан на кој се потпираат и нашето минато и нашата сегашност и нашата иднина“ рече поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архипеископија г.г. Стефан во обраќањето пред присутните во црквата „Света Софија“ во Охрид на Свечената академија што вечерва се одржа по повод одбележувањето на Милениумското постоење на Охридската архиепископија.

„Што сѐ не доживеа оваа наша древна Црква од падот на царството и државата, од освојувањата и владеењата и од истоверни и од друговерни, од уривањата и грабежите, од палењата и пустошењата…Но духот на оваа наша славна Архиепископија беше тоа што му даваше утеха на нашиот народ и го крепеше да опстои. Под нејзина закрила ги зачувавме и душата и верата, и од неа црпевме морални и духовни сили. Таа ни беше единствената поткрепа и надеж во ропствата, единствен излез од беспаќата и патоказ кон вечноста “ порача г.г. Стефан.

На свечената академија се обратија и претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.