Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Директорот на КОВЗРГ м-р даријан Сотировски на средба со гостиварскиот муфтија Шаќир ефенди Фетаи.


На ден 19.09.2018 директорот на Комисијата за односи со верските заедници го посети гостиварското муфтиство на ИВЗ каде оствари средба со муфтијата Шаќир еф. Фетаи.



На средбата се разговараше за прашањата со кои се соочува гостиварското муфтиство како и верниците муслимани во Гостивар. Директорот ја истакна определбата на Комисијата да биде сервис на верските заедници и дека секогаш ќе биде подготвен да ги поддржи иницијативите за развивање на духот на заедништво во нашата мултиконфесионална држава. Како општество мораме да вложуваме многу труд за да се развиваме на вистинскиот пат, преку почитување на различностите и традициите на народите, истакна директорот.

Муфтијата еф. Фетаи го информираше директорот за состојбите во градот Гостивар како и за предизвиците со кои се соочува муфтиството.

Соработката меѓу верските заедници  и државата е од големо значење во нашето општество поради традиционалната религиозност која е проткаена во нашата култура и секојдневното живеење.