Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Г-дин Даријан Сотировски во работна посета на Тетовско-гостиварската епархија



На 09.10.2018 година директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Г-дин Даријан Сотировски беше во работна посета на Тетовско-гостиварската епархија на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија, каде оствари средба со Митрополитот г. Јосиф.



На средбата Митрополитот го запозна директорот со актуелни прашања важни за епархијата. Притоа особено се истакна потребата од обновување на старите конаци при Лешочкиот манастир, како и многуте проекти за изградба и реставрација кои се во тек.



На Владиката Јосиф, Директорот му упати срдечни честитки за сите постигнати успеси кои се евидентни во изминатиот петгодишен период од кога ја возглавува епархијата. Директорот ја нагласи поддршка од страна на државата за сите потреби на Тетовско-гостиварската епархија и нејзините верници и истакна дека се надева на продлабочување на соработката и со другите државни институции кои имаат надлежност во унапредувањето на постоечките состојби во Полог, како локалната власт и централните културно-заштитни државни органи.



По работниот состанок беше посетена една од највредните галерии на икони во државата сместена при соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово, како и црквата Св. Атанасиј во село Брвеница, Тетовско која е во постапка на реконструкција. Со радост е констатирано дека село Брвеница како населено место во постојан подем во Полог, ќе добие достоинствен православен храм, но и централно место за собирање на жителите од сите возрасни групи.