Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Директорот Сотировски на средба со претставници на регистрирани цркви, верски заедници и религиозни групи.
 

 

Во Клубот на пратеници се одржа средба на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-дин Даријан Сотировски и челниците на цркви, верски заедници и религиозни групи регистрирани во Република Македонија.

На средбата се разговараше за идната соработка како и за сите потешкотии со кои се соочуваат недоминантните верски заедници во државата, како и за компаративните искуства во Европа и светот. 

 Директорот Сотировски истакна дека во современи услови, човекот е исправен пред различни предизвици кои често го уништуваат неговиот вредносен систем, што се одразува и врз сите општествени текови; токму затоа, сите цркви, верски заедници и религиозни групи играат подеднакво важна улога во духовна, но и во етичка смисла. Државата мора да ги гарантира неприкосновените човекови права на убедување и припадност на секој еден граѓанин, кој пак има право на слободен избор на вероисповест и заедница.