Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

по повод големиот празник раѓањето хтистово - божиќ, заменик директорот на ковз г-дин зеко абази упати телеграма со честитки до бискупот скопски и апостолски егзарх монс. д-р киро стојанов и до сите припадници од католичка веросиповед во во р. македонија

 

 

 

БИСКУПИЈА СКОПСКА

ОРДИНАРИЈАТ НА СКОПСКА БИСКУПИЈА

БИСКУП СКОПСКИ И АПОСТОЛСКИ ЕГЗАРХ

MОНС. Д-Р КИРО СТОЈАНОВ

      ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

                      Почитуван Превозвишени Бискупе,

 

    
Дозволете ми Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите верници од католичка вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот празник- РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО-БОЖИЌ.

           Божиќните денови го осветлуваат животот на секој христијанин со посебна радост и будат најубави возвишени чувства. Најсветиот христијански празник, раѓањето Христово- Божиќ е празник кога се негуваат убави мисли и дела, посебно спрема најближните и кон оние на кои таквата љубов и поддршка им е најпотребна. Затоа, нека овие денови бидат инспирација за правење добри дела и меѓусебно помагање на сите луѓе. Нека бидат поттик за остварување на вредностите кон кои сите заеднички се стремиме: слободата, еднаквоста и праведноста. 

Ви посакувам љубовта и мирот кој ги носи овој голем христијански празник со себе да ги исполнат Вашите домови со топлина, семејна среќа и хармонија.

Нека е за многу години празникот!

ЧЕСТИТ БОЖИЌ!

                                                            
Зам.Директор

   Зеко Абази