Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

ДИРЕКТОРОТ ДАРИЈАН СОТИРОВСКИ ПО ПОВОД ВОЗДИГНУВАЊЕТО НА АПОСТОЛСКИОТ ЕГЗАРХАТ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ЕПАРХИЈА „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО СТРУМИЦА- СКОПЈЕ УПАТИ ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ДО БИСКУПОТ СКОПСКИ И ЕПАРХ СКОПСКИ И СТРУМИЧКИ ВО МАКЕДОНИЈА Г КИРО СТОЈАНОВ

 

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

 ДО

БИСКУПОТ СКОПСКИ И ЕПАРХ СКОПСКИ И СТРУМИЧКИ ВО МАКЕДОНИЈА Г. КИРО СТОЈАНОВ,

СВЕШТЕНСТВОТО И МОНАШТВОТО НА КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА

 СИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕД

 

            Почитувани,

 

            Со голема радост го примивме Вашето известување дека  на 31 мај 2018 година од страна на светиот папа Франциск досегашниот Апостолски егзархат во Македонија е воздигнат во Епархија под наслов „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“.

            По тој повод, дозволете од името на македонските граѓани и од мое лично име да Ви го честитам воздигнувањето на досегашниот Егзархат во Епархија и истото така именувањето на монс. д-р Киро Стојанов за Епарх на новата Епархија. Ова воздигнување е  од особено значење, интерес и чест на Католичката црква во Република Македонија.

            Честитајќи Ви го оваа големо воздигнување, на почитуваниот Епарх и на верниците на Епархијата им посакуваме во иднина успешен и долг духовен живот поминат во мир и хармонија, сведочејќи на тој начин за непроценливите евангелски вредности и допринесувајќи за почитување на неотиѓивото човечко достоинство.

 

Со почит,

                                  Директор

                       м-р Даријан Сотировски