Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

18.07.2018. директорот на ковзрг м-р даријан сотировски упати честитка до мпцо "Света вмч. Недела" -Голд Кост(Квинзленд, Австралија), по повод претстојниот храмов празник.

 

 

 

 

Почитувани,

            Со голема радост го следиме развојот на нашата Македонска православна црковна општина „Света вмч. Недела“ во Голд Кост, Квинзленд (Австралија), која од ден на ден прераснува во препознатливо место за духовна и културна афирмација на македонската православна заедница од Голд Кост и пошироката околина.

            Ја користам оваа прилика, од мое име како директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, како и во името на граѓаните на Република Македонија  да ја упатам оваа честитка по повод празникот посветен на Светата великомаченичка Недела и воедно да Ви ја честитам Вашата храмова слава.

            Правите големо дело, кое остава траги. Чувајте ја слогата бидејќи само таа може да го заштити нашиот народ. За многу години!


Со почит,

м-р Даријан Сотировски,

директор