МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
Македонската Православна Црква ( МПЦ) е дел од Една, Света, Соборна и Апостолска Црква. Со еден збор, таа е духовна мајка на православниот Македонски народ во својата татковина и надвор од неа, како и на сите православни христијани кои живеат во Република Македонија.
МПЦ е древна црква и нејзиното потекло датира од апостолските времиња. Во втората половина на I век, околу 60-тите години по Христос, евангелското патување на Св. Апостол Павле е основен фактор за ширење на Христијанството во Македонија, на Медитеранот, и пошироко. Св. Апостол Павле тргнал на мисионерско патување придружен од апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тихик. Низ Македонија проповеда и Светиот Апостол Андреј Првоповикан кој и го поставува Светиот Апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век Христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква и хиерархија и нивните епископи редовно учествувале на помесните и Вселенските Собори. Во Македонија во V век по Христос постоеле неколку Митрополии и Епархии, од кои попознати биле Солун, Скупи, Хераклеа, Баргала, Стоби итн. Во тој период на територијата на Македонија биле изградени голем број на ранохристијански базилики. За време на владеењето на Римскиот император Јустиниан I ( 527-565), кој потекнувал од Таврисион, денешно село Таор во близина на Скопје, бил изграден град наречен Јустиниана Прима. Кателиан, Митрополитот на Скупи, бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустиниана Прима, која во тоа време била трета по чест, после Рим и Константинопол.
Творештвото на Светиот Апостол Павле и светиот император Јустиниан I било продолжено од Македонците, и на сите Словени, просветители и учители Св. Кирил и Методиј во IX век по Христос. Тие направија траен придонес со создавањето на првата Словенска азбука и со првите преводи на литургиските книги од грчки на старословенски јазик. Нивната работа во Македонија била продолжена од Св. Климент и Св. Наум од Охрид, особено со ширењето на Евангелието меѓу Македонскиот народ, уредување на Црквата и монаштвото преку дејноста на Охридската книжевна школа.
Во втората половина на X век, за време на владеењето на цар Самоил, врз нивната црковно-образовна активност била основана автокефалната Црква - Охридска Патријархија. По паѓањето на Самуиловото Царство, Охридската Патријархија била сведена на степен на Архиепископија и како таква постоела осум века, сe до 1767 година по Христос кога била укината од страна на Турскиот султан Мустафа III, а нејзините епархии биле присоединети кон Цариградската Патријархија.
Откако била укината Охридската Архиепископија, Македонскиот народ правел постојани напори за нејзино обновување. Епархиите во Македонија смениле неколку јурисдикции со соседните Православни Цркви. Во втората половина на XIX век и првата половина на XX век борбата била жестока. Поволни услови за враќање на самосталноста биле создадени дури во текот на Втората светска војна (1941-45). Локацијата каде што се одржал собирот на свештениците во 1943 било селото Издеглавје, во регионот Дебарца. На првиот Црковен-народен Собор одржан во Скопје 1945 година била усвоена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија.
На Вториот Црковно-народен Собор во Охрид во 1958 година, бил усвоен предлогот за обновување на Свети-Климентовата Охридска Архиепископија како самостојна Македонска Православна Црква, а за нејзин прв поглавар бил избран Господин Доситеј.
На 17-ти Јули 1967 година, Светиот Синод на МПЦ свикал трет Црковно-народен Собор во Охрид каде едногласно била прифатена Синодалната одлука за обновување на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква.
Највисока законодавна власт на МПЦ е Архиепископски Црковно-народен Собор . Светиот Архиерејски Синод е највисоката хиерархиска власт и сите епископи земаат учество. Денес, со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква претседава Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан. Останатите членови на Синодот се: Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новзеландски г. Петар, Митрополит Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, Митрополит Струмички г. Наум, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Американско-канадски г. Методиј, Митрополит Европски г. Пимен, Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополит г. Горазд, поранешен Митрополит на Европската епархија и Епископ Хераклејски г. Климент.
Македонската Православна Црква содржи 10 Епархии, предводени од девет митрополити. Надвор од границите на Република Македонија, МПЦ дејствува во три епархии.
Духовните потреби на околу три милиони Македонски православни верници се задоволени од 850 свештеници од МПЦ кои се теолошки образувани на Македонското православно богословско училиште и на Православниот богословски факултет ”Св.Климент Охридски” во Скопје. Православното богословско училиште (средно теолошко училиште) е основано во 1967 година, а Православниот богословски факултет ” Св.Климент Охридски” е основан во 1977 година. Дваесет професори предаваат на Теолошкиот Факултет, а 250 студенти се образуваат да станат учители по веронаука и свештеници.
На територијата на Република Македонија биле изградени голем број на цркви и манастири уште од раниот христијански период. МПЦ има на 2000 цркви и манастири под нејзина надлежност. Христијанските друштва се организирани во неколку парохии и цркви и се активни во мисионерските и добротворните области. Има неколку хуманитарни организации: ” Милосрдие”, ”Ѓаконија”, итн. Повеќе од 20 манастири се дом на над 100 монаси кои го оддржуваат преданието на Светиот Дух на црквата со нивните манастриски одлики.
Има многу библиотеки во рамките на црковните институции: Библиотеката во Богословското училиште, Библиотеката на Факултетот, Епархиската библиотека, како и многу библиотеки во повеќето манастири и парохиски цркви.
Архиепископијата и Епархијата, Богословното училиште и Факултет, како и многу македонски манастири издаваат списанија и весници, специјални изданија и теолошка литература. МПЦ ги слави црковните празници согласно јулијанскиот календар (стар календар) кон кои се придружуваат поголем број од македонските граѓани, додека некои од нив преминаа во национални празници согласно последниот Закон за националнип.
Верниците на Македонската Православна Црква имаат особено почитување за следниве Големи Празници: Христовото Воскреснување - Велигден, Раѓањето на Исус - Божик , Водици, Празникот посветен на Пресвета Богородица, како и сеќавање во спомен на Македонски светци, особено на Св. Кирил и Методиј и нивните свети следбеници, охридските чудотворци Климент и Наум. |