Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

18.09.2018г.Денес директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски оствари средба со амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија Н.Е. г-дин Хосеин Карими.

 
На средбата се разговараше за можностите за соработка на двете држави како и за перспективите за унапредување и подобрување на односите меѓу граѓаните на двете држави.


 

Директорот Сотировски истакна дека иако во минатото Македонија и Иран преку движењето на неврзаните имале извесна соработка и ниво на односи, денес двете култури  и нации се во извесна мера оддалечени. Притоа додаде дека во современото време кога светот со галопирачка брзина се глобализира во интерес на двете држави е да се отворат меѓусебно за да разменуваат искуства, знаења, вештини, како и да се запознаат подобро.

Амбасадорот Карими истакна дека наполно ги поддржува напорите на Македонија за напредок, потврдувајќи ги ставовите на Иран дека поддржува отвореност и соработка со другите држави. Амбасадорот посочи дека Македонија и Иран имаат широки можности за соработка и дека во следниот период преку продлабочена соработка со Комисијата се надева на целокупно унапредување на односите во сферата на културата.