Евангелско-Методистичка Црква
Првата Методистичка црква била оснивана во 1784 година во САД. Соединетите Американски Држави биле формирани претходната година, создавајќи прва модерна држава, во која поделбата на црквата и државата била уставно одредена.
Оригиналната намера не била да се основа нова црква. Англиканскиот свештеник Џон Весли (John Wesley) (1703-1791) бил длабоко загрижен за ситуацијата на сиромашните во општеството на Англија во 18-от век. Почетокот на индустриската револуција предизвикала големи социјални проблеми меѓу ниската класа (невработеност, детска работна сила, експлоатација на работници, алкохолизам итн). Заедно со неколку истомисленици, Џон Весли оснивал преродбеничко движење во Англиканската Црква, која ги прифатила овие луѓе и нивните проблеми. Весли и неговите помошници погрдно биле наречени ”Методисти” поради начинот на кои тие се обидувале да ги преживеат нивните верувања, доследно и со ”метод”.
Колку повеќе лу|е емигрирале во Англиските колонии во Северна Америка, толку повеќе движењето се ширело и таму. По Независноста на Америка, Англиканската Црква се повлекла од отцпените колонии бидејќи била црква на Англиската Круна, и Методистичката црква започнала со оснивање на нивна сопствена црква во отстапениот простор. Методистичката црква не се издигнала поради различното учење, туку поради потребата да обезбеди свештеничка грижа за луѓето во оваа нова земја.
Методистичката црква го задржала учењето и начинот на одржување богослужба од Англиканската Црква, иако и двете биле скратени и приспособени со променливите потреби на модерниот свет.
Денес има Методистички цркви насекаде околу светот со околу 70 милиони верници. Иако Методистите не се директен производ на Протестанската Реформација, ние сепак припаѓаме на фамилијата на Протестантски цркви и заедно ги пропагираме протестанските верувања кои се базираат на љубовта кон Бога за сите луѓе и за Неговото безусловно прифаќање на нас, на нашата грешна природа како човечки битија. Библијата е темел на нашите верувања, а Исус Христос е централно жариште на нашата верба и нашите животи. Крштевањето и причестувањето се наш свет симбол. Господовото ветување за Неговата љубов се провидели.
Сите верски обреди и позиции во рамките на Црквата се отворени подеднакво и за мажи и за жени. Свештениците носат одлуки кои се во согласност со црковните учења и во согласност со Методистичките книги за дисциплина.
Секој е добредојден во Методистичката црква. Нашата проповед е да бидеме вклучени во сe, па затоа секој е поканет да биде дел од делата и службата на црковниот живот. Од овие причини, секој кој трага по Господа е поканет да се земе удел во Светата Причеста.
Нашата црква е присутна тука во Република Македонија повеќе од 150 години. Евангелистичката Методистичка Црква, како интернационална црква, е активно вклучена не само во црковните активности на Светската Методистичка Црква, туки и во активностите на црквите на светско ниво (егуменски), па така нашата Црка е членка на Светскиот Совет на Цркви во Женева, Конференцијата за Европски Цркви (Брисел) и на многу други црковни институции ширум светот. На сите овие заседаниа и состаноци на светско ниво секогаш се пристутни претставници од нашата црква каде што со достоинство ја претставуваат црквата и државата.
Евангелистичката Методистичка Црква е секогаш отворена за соработка со други цркви и религиски заедници. Како црква ние имаме добри односи со Македонската Православна Црква, Католичката црква, Исламската заедница и Еврејската заедница.
Евангелистичката Методистичка Црква во Република Македонија има 13 цркви, 4 свештенички резиденции и еден центар за социјална грижа на сиромашните. Нашиот центар за социјална грижа , наречен Мис Стоун Центар, подготвува и разнесува 90 оброци на ден во домовите на стари лица, сиромашни, хендикепирани и инвалидизирани лица. Исто така, обезбедува огревно дрво, облека и храна за сиромашните.
Како и повеќето Христијански цркви, ние ги славиме следниве празници: Божик, Велигден, Вознесение Христово и Празникот на Четвата. Како Евангелистичка Методистичка Црква го славиме и Денот на Мајката, Ден на благодарноста-Недела и Женскиот Светски ден на Молитвата.
За повеќе информации, контактирајте го: Секретаријатот на Евангелистичката Методистичка Црква во Република Македонија Загребачка бр:4 2400 Струмица Тел/факс: 00389 (0) 34 322 662 e-mail: mcemc@kabelnet-tv.com.mk
|