Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Палата Емануел Чучков, Ул.Бихачка,бр 2, влез 1 кат 2
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

по повод големиот христијански празник РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИЌ, директорот на ковзрг м-р даријан сотировски упати телеграма со честитки до МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА, НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ И НА ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА Г. Г. СТЕФАН
 

 

Ваше Блаженство,

 

 Дозволете Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепис­ко­пија, целото свештенство и монаштво, од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам искрени честитки по повод голе­миот христијански празник - РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИЌ.

 Се надевам дека празничните денови нема да ни ја одземат свесноста, па и во овие денови ќе се сетиме на оние кои денес немаат со кого да ја споделат радоста или се соочуваат со искушенија. Светската современа општествена заедница е втемелена на христијанските постулати за заедништво и солидарност, а луѓе сме тогаш кога човечноста во нас тоа го потврдува. 

 
          Ви посакувам љубовта и мирот кој ги носи овој голем христијански празник со себе да ги исполнат Вашите домови со топлина, семејна среќа и хармонија.

                                                     ХРИСТОС СЕ РОДИ!

 
Директор

 м-р Даријан Сотировски