Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници (КОВЗРГ) Даријан Сотировски оствари работна средба со директорот на Агенцијата за поддршка на верските заедници од Шведска Аке Горансон, кој ја предводеше шведската делегација во официјалната посета на Македонија.

Ова беше одлична прилика да се разговара за компаративните искуства оддвете мултиконфесионални општества, како и за модалитетите за регулирање нанајразлични прашања кои во современото општество стануваат се поактуелни.
Шведска е држава која полага големо внимание во поддршката на верските заедници. Македонската црковна општина во Шведска има одлична соработка со г-динот Аке Горансон и неговиот тим.

При посетата директорите на двете сродни институции остварија средба со Бискупот на Католичката црква во Македонија д-р Киро Стојанов, ја посетија црквата Св. Спас, како и Музејот на холокаустот врз македонските евреи и
Музејот за македонската борба за државност.