Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Директорот Сотировски на средба со амбасадорот Јацек Мултановски

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски се сретна со амбасадорот на Полска во нашата држава Н.Е. г-дин Јацек Мултановски.

На средбата се разговараше за можностите за идна соработка како и за автентичните искуства во двете држави во меѓуконфесионалните односи и мотивирањето на соработката на конфесиите. Директорот Сотировски изрази надеж дека во следниот период со воведувањето на редовна авио линија Скопје-Варшава ќе се зголеми бројот на полски државјани кои ќе ја посетат Македонија и ќе можат да се запознаат со древните сакрални објекти, кои ја прават нашата држава препознатлива во целиот свет. КОВЗРГ во соработка со верските заедници и други државни органи во следниот период ќе изготви понуда за посета на сакралните објекти низ државата од странски туристи. Амбасадорот му посака на директорот успешна работа и ја изрази својата потполна поддршка кон работењето на Владата на Република Македонија.