Воскресна Велигденска миса во Католичката црква во Скопје
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден бискупот Киро Стојанов служеше воскресна велигденска литургија во храмот „Пресвето срце Исусово“ во Скопје.
Радосните празнични мигови со граѓаните од католичка вероисповед ги сподели и висока државна делегација сочинета од Претседателот на Република Македонија др. Ѓорге Иванов, потпретседателот на Владата Оливер Спасовски, министрите Зоран Шапуриќ и Едмонд Адеми, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски.
|